Ваквиот почеток на денот ветува добро расположение и одлична енергија. Менито во светот на здравата исхрана и фит живот е шарено.
Меѓутоа, бидејќи Интернетот се повеќе е наш главен советник кој ни рецитира милион рецепти и стилови на диета во увото, честопати прави голем хаос во нашите планови.
Искуствата на другите како и нашите не водат до заклучок за кој сигурно ќе се сложите – појадокот е главниот и најважен оброк во денот.
Покрај темпирањето на идеалното време за јадење, важно е да размислите што е најдобро да се најде на масата откако ќе станете од кревет, вели „Wwellplated.com“.
Ајде да ги замениме тие мини-стресови околу размислувањето за утринскиот оброк со добро, свежо и брзо смути.

Кога оброците се вкусни како овој, здравото јадење е задоволство, а не задолжително.
Смутито е всушност многу здрав избор за појадок, каде сè се сведува на изборот на овошје и зеленчук, како и нормалната количина на порции.
Кога барате идеална комбинација на состојки за овој оброк, обидете се да најдете некоја која содржи помалку шеќер од протеини, влакна и здрави масти за да ве држи сити подолго време.

Што да ставите во утринското смути?
Ова се некои од идеалните состојки:
Здрави масти: Вашиот омилен путер од јаткасти плодови, кокосово млеко или семе од чиа. Ова ги прави смути позадоволувачки и ве одржува сити помеѓу оброците. Имајте ги на ум порциите, доволно е една кафена лажичка.
Протеини и влакна: грчкиот јогурт или вашиот омилен протеински прав се лесни начини да направите протеински смути за појадок. Лажица овесна каша додава влакна, па обрнете внимание на тоа.
Овошје: Овошните смути за појадок се секогаш омилен избор за сите! Има широк спектар на вкусови: бананите прават смути природно слатки, мангото и ананасот можат да го сокријат вкусот на зелените, а овошјето како јаболко или лубеница исто така може да биде вкусно. Играј со комбинациите!

Зеленчук: Спанаќ, кељ, авокадо, моркови, па дури и цвекло може да се додадат во смути.
Течност: можете да користите и сок (не заборавајте да го правите тоа умерено, бидејќи сокот има многу шеќер, но малку влакна), различни видови млеко, кокосова вода или дури и обична вода. Секако, добредојдени се и понеутрален јогурт или незасладено млеко.
Овој напиток/оброк е одличен за слабеење, кога во него се додаваат состојки со помалку шеќер. Но, секако повеќе од пожелно е да го консумирате наутро, поради енергијата која ви ја дава, витамините, а е и добар стартер за метаболизмот.
Пополнете се со вашиот фитнес стил!