Легендарниот инвеститор и милијардер Ворен Бафет има совет за младите: Фокусирајте се на учење како да пишувате и да зборувате јасно.
„Едниот лесен начин да станете 50 отсто повеќе од сега – барем – е да ги усовршите комуникациските вештини – и писмени и вербални“, вели Бафет во видеото објавено на LinkedIn во понеделникот.
Видеото беше објавено од Мајкл Худ, ко-основачот на стартапот Voiceflow од Торонто, кој им овозможува на корисниците да дизајнираат, изградат и лансираат вештини за паметниот звучник на Amazon, Alexa, без потреба да знаат како да кодираат.
„Ако не можете да комуницирате, тоа е како да намигнувате на девојка во темнина – ништо не се случува. Можеш да ја имаш целата мозочна моќ на светот, но мораш да можеш да ја пренесеш“, продолжува Бафет.
„И преносот е комуникација“, вели Бафет, кој во моментов вреди повеќе од 86 милијарди долари, според Форбс.