Постсоветски визуелен протест на непознат активист со наслов „Буча-Москва“ против воените злосторства на руската армија во Украина, се појави низ улиците во Москва.

Непознат Руски артист одговара на ужасните злосторства, поставувајќи ги истите низ улиците на Москва.

Руски уметник организираше визуелен протест на улиците на Москва и другите градови како знак за протест против масакрот во Буча од страна на руските трупи во Украина.

Уметникот ги рекреираше ужасните слики на мртвите во Буча, Украина, само неколку дена откако руските војници беа обвинети за геноцид.

Мажот, кој се уште не е идентификуван, утринава е виден како лежи со лицето надолу на улиците на главниот град на Русија со врзани раце, облечен во кафена јакна и црна качулка.

, StoryLand

Руски уметник на познати локации во Москва во знак на протест против масакрот на цивилите од страна на руската војска во Буча.

Сликите ги отсликуваат сликите што беа објавени во неделата вечерта на Украинците пронајдени мртви во градот Буча, на само 25 километри од главниот град на земјата Киев.

Сликата е шокантна, но вреди да се погледне. Дали овој протест – инсталација конечно ќе ни ги покаже суштинските вредности дека човековиот живот нема цена?