Американската холивудска глумица Мила Јовович испрати видео-апел до Украинците.

Инаку, вистинското односно целосно име на Мила е Милица Јовович и таа е родена во Киев на 17 декември 1975 година, во тогашната Украинска ССР, Советски Сојуз.

Јовович емигрирала со своите родители во Лондон кога имала пет години, а потоа во Сакраменто, Калифорнија. Конечно се населиле во Лос Анџелес седум месеци подоцна. Во 1987 година, на 12-годишна возраст, таа започна да се занимава со манекенство кога Херб Ритс ја фотографираше за насловната страница на италијанското списание „Леи“. Следуваа освојувања на светските насловни страници, а потоа и на филмското платно.

Ковович испрати трогателен и срдечен апел кој завршува со зборовите:

„Сакам да ви кажам: ве гледаме, се молиме за вас и ве сакаме. И ви благодариме што се изборивте за слобода“.