Сите фанови на „Game of Thrones“ ќе бидат воодушевени од веста за продолжението.
Новата серија на HBO „House of the Dragon“ има премиера на 22 август на стриминг платформата HBO Max и каналот HBO, а во оваа прилика беше објавен и официјалниот трејлер.
Заплетот на серијата од 10 епизоди, базирана на книгата „Оган и крв“ од Џорџ Р.Р. Мартин, се случува 200 години пред настаните од „Игра на тронови“ и ја носи приказната за Куќата Таргариен.
Главните улоги ги толкуваат Педи Консидин, Мет Смит, Оливија Кук, Ема Д’Арси, Стив Тусен, Ив Бест, Соноја Мизуно, Фабиен Франкел и Рис Ифанс. Остатокот од актерската екипа се Мили Алкок, Бетани Антонија, Фиби Кембел, Емили Кери, Хари Колет, Рајан Кор, Том Глин-Карни, Џеферсон Хол, Дејвид Хорович, Вил Џонсон, Џон Мекмилан, Греам МекТавиш, Јуан Мичел, Тео Нејт, Метју Нидам, Бил Патерсон, Фиа Сабан, Гевин Споукс и Савана Стејн.
Џорџ Р.Р. Мартин е еден од креаторите и извршните продуценти заедно со Рајан Кондал, исто така сценарист, и Мигел Сапочник, кој исто така ја потпишува режијата. Извршни продуценти се Сара Хес, Џоселин Дијаз, Винс Џерардис и Рон Шмит.