Вера Ванг може да им пркоси на возраста и стареењето, но никогаш не ги следи трендовите.
Оваа 73-годишнa девојка на Инстаграм сподели серија фотографии и видеа од Мајами. На кадрите и фотографиите, модната дизајнерка носи црн топ со долги ракави со деколте, бели кратки шорцеви и бели „валентино“ потпетици со вртоглава платформа.
Овој тренд и оваа година ја освои модната сцена, а сега слободно можеме да кажеме дека ќе го видиме следната година, како на модните писти, така и на улиците во најневеројатните комбинации. Судејќи според претходните појавувања, ова е нејзиниот омилен пар чевли.
View this post on Instagram
Обожавателите брзо го покажаа својот ентузијазам за модната икона во коментарите под нејзината фотографија, а многумина прво го пофалија нејзиниот беспрекорен изглед, фигура и држење на телото.
„Вера Ванг изгледа како да има 30 години, но всушност има 70 години“. „Му се молам на универзумот да имам слични гени“. Нека ми бидат исто толку нежни годините“, гласат дел од коментарите.
Сепак, Вера Ванг не е некој кој има комплицирана и напорна фитнес рутина. Уште во 2020 година, на прашањето за тајната на нејзиниот изглед под коментар во кој се фалеше нејзиниот рамен стомак, таа одговори: „Работете, спијте, коктел од вотка, малку сонце“, напиша Iol.com.