Една од најплатените модели на денешницата, Кендис Свонепул ги воодушеви сите во предимензиониран костум со сребрени риги.
На црвениот тепих на доделувањето на наградите „GQ Men of the Year“ во Лондон се појави една од најубавите манекенки на ангелите на Викторија, Кендис Свонпул.
Јужноафриканскиот модел (34) го привлече целото внимание во предимензиониран костум со риги, а откопчана бела кошула додаде шмек на привлечност на овој стајлинг. Многу дами, меѓу кои и Џулија Робертс, често избираат одела за своите модни комбинации.
Црните високи потпетици кои не се гледаа под широките панталони ја издолжија нејзината витка фигура, а сребрените риги беа одличен детаљ на совршено скроениот костум.
Со одличен аутфит, Кендис избра неутрална шминка и слободно ја пушти русата коса.
Убавата русокоса стана ангел на Викторија во 2010 година, а денес е една од најплатените модели.