Бракот на Бритни Спирс го означи нејзиното повторно раѓање и повторното преземање на својот живот во свои раце.

Бритни Спирс (40) и Сем Асгари (28) конечно го кажаа судбоносното „да“. Двојката се венча завчера, на 9 јуни, во нивната калифорниска вила во Таузенд Оукс.

На церемонијата имаше околу шеесетина гости, од кои многумина беа ѕвезди. Донатела Версаче не остана незабележана. А дизајнерката лично се погрижи и за венчаницата на Спирс, изработена од бела свила и украсена со бисерни копчиња.

Меѓу гостите, на свадбата беа и Селена Гомез, Мадона и Дру Баримур.

За забавите пред и после свадбата Бритни носеше неколку фустани, не многу елегантни но совршени за танцување и забавување – а при тоа да се чувствува комотно во облеката. Секако, венчаницата беше резервирана за моментот на размена на прстените, односно за главната церемонија, но пред и после неа пејачката и Асгари имале две забави – на едната Бритни носеше црвен фустан, а на другата црн мини фустан.