Холивудската актерка Џесика Алба негува природен изглед, шминката е секогаш минимална и таква што е нагласена сета нејзина природна убавина. На нејзиното лице никогаш нема да видите силни бои и многу производи. Бидејќи сезоната на свадби е тука, ви ја носиме совршената летна шминка идеална и за прослави и за секојдневни пригоди.

Актерката користела кремасти производи бидејќи даваат природен сјај и лесно се спојуваат. Производот за контурирање нанесете го веднаш под јаболчната коска, не цртајте предолга линија бидејќи тогаш ќе изгледа неприродно, ставете кремасто руменило преку него. Ако сакате да го контурирате целото лице, тогаш врамете ги рабовите на лицето. Ставете ја пудрата во средината на челото, под очите, на носот, околу усните. Сето тоа убаво изблендирајте го со четка. На крајот нанесете малку маскара и кошула за сјај за усни и готови сте.
Погледнете како актерката го направи тоа во видеото подолу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba)