Убавата Софија сподели фотографии од роденденската забава и ги воодушеви своите следбеници
Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“, убавата Софија Вергара неодамна го прослави својот јубилеен 50-ти роденден.
По тој повод таа на својот Инстаграм профил сподели фотографии и видеа од церемонијата и покажа дека со годините изгледа се подобро и подобро.
За време на вечерната забава Софија позира со пријателките, а на една од фотографиите со тортата напиша коментар „Официјално стара“.
Заносната Вергара таа вечер облече жолт тесен фустан кој целосно ја следи линијата на телото и ја воодушеви со беспрекорниот изглед, егзотичната убавина и завидната фигура на педесет години.
View this post on Instagram
На нејзиниот профил може да се видат и фотографии од роденденскиот пикник кој се одржа во текот на денот на кој присуствуваа нејзиниот сопруг и актер Џо Манганиело и синот Маноло Гонзалес Вергара.
View this post on Instagram