Скопје Сити Мол на почетокот на оваа недела излезе со уникатна маркетинг кампања која се разликува од другите под слоганот “Љубовта се множи кога се дели”.
Во пресрет на Денот на вљубените, од 11 до 14 февруари, Скопје Сити Мол организира голем Љубовен базар на уникатни современи уметнички творби, кои рачно ги имаат изработено мајстори – креативци. Повеќе од 20тина индивидуалци, „artisans“ – уметници и 19 брендови ќе ги претстават своите најнови и оригинални производи.
Секој рачно создаден производ е бесценета приказна, во која е компримиран креативниот труд на овие уметници, посебно љубовта, која се рефлектира во секој детаљ од нивната работа.
Oвие четири денови, на приземјето од Сити Мол, каде ќе биде поставен базарот, посетителите ќе можат да подарат за своите љубени автентични креации од: Monkdolls – љубовни спомени во рамка; Шарено ќоше – рачно насликана керамика и уникатни дизајни со персонализирани подароци; Кожарска работилница Хорват – рачна изработка на производи од природна кожа, Атеље Марта Пејоска – сребрена езерска приказна прелеана во филигран; Преплет – дизајн студио препознатливо по уникатни фрази испишани на кирилица; IGNIS.Creative – деликатни восочни фигури; Ленка – рачни везови на иновативен начин; NOMAD Studio – еколошки производи со современ дизајн; M&M Luxury soap bouquet – ароматизирани сапуни дизајнирани во форма на цвеќиња и чоколадни бомбони; Marcy’s handmade – шарени приказни во форма на накит за сонувачи и храбри луѓе; Индиго тату студио – со тетовирањето нештата ги претвораат во вечност за да не бидат заборавени; Wanderlust – смели керамички дизајни; Елена Ристовска – накит кој е синтеза на знаење и творечка вештина; Woodyz – дрвени пеперушки и целосна палета на модни додатоци за мажи и жени; креативно студио Алегра – уникатен спој од графички дизајн и рачна изработка, MORPHO – филигрантска умешност испреплетенa во современ накит; Атеље Сиена – испреплетени креативни приказни на мајка и ќерка, преточени во накит, Блумен и Арт 2005 – цвеќара која аранжманите со цвеќе ги претвора во уметност и Vincinni – Слатко љубовно задоволство.
За кампањата да е уште пооригинална тие создадоа и кратко social media видео, во кое се потенцира важноста на љубовта, и колку е важно истата да ја делиме со сите.
Затоа без разлика дали имате партнер или немате, секогаш и секого може да го израдувате – со подарок, насмевка и убав зборт – бидејќи сега е време да докажеме дека ЉУБОВТА СЕ МНОЖИ КОГА СЕ ДЕЛИ!