Зборот „Wordle“ е најпребаруваниот термин на пребарувачот „Гугл“ во 2022 година, како во светот, така и во САД.

Станува збор за истоимена игра со загатки, која милиони луѓе ширум светот се обидуваа да ја решат секој ден.

Играта е во сопственост на „Њујорк тајмс“, а е дизајнирана од американскиот софтверски инженер Џош Вардл во 2021 година. Досега има стекнато голем број симпатизери. Онлајн играта, која се игра еднаш дневно, му нуди на играчот шест шанси да открие таен збор од пет букви.

Играта стана толку популарна што пребарувањата на гејмерите очајни за одговори на Google ги надминаа сите други трендови.

Google денеска ја објави својата традиционална годишна листа на најпребарувани поими, а пребарувањето на интернет исто така беше под влијание на значајни настани оваа година.

Во категоријата најпребарувани вести на Гугл, на прво место се резултатите од изборите во САД, потоа кралицата Елизабета Втора, која почина во септември, а потоа и Украина, јавува Би-би-си.

Што се однесува до познатите, најпребарувано име се актерите Џони Деп, Вил Смит по контроверзниот настан за време на Оскарите кога му удри шлаканица на колегата Крис Рок, Амбер Херд и други.

Најмногу се барани дефиниции за зборовите рупија, олигарх, какао, Хомер, рецесија и други.