Конечно после долги години се отвори мала сцена при НУЦК Трајко Прокопиев. Поради проблеми со греење, со години институцијата не е во можност да ги користи зимските месеци за афирмација и забавување на граѓаните на Куманово.

Еден од кубусите е прилагоден и подготвен за да ја прими публиката. Денеска имавме можност да ја гледаме детската претстава “Музејот на Дедо Мраз” во која играат Сашо Ристовски, Магдалена Ризова, Димитриа Марковски и Тамара Ангелска.

, StoryLand

Претставата се играше шест пати, а имаа можност да ја видат шестотини дечиња.

Од институцијата велат дека се свесни дека Кумановчани сакаат театар и настани преку цела година и се повеќе од среќни дека конечно тоа ќе може да се реализира.

“Оваа е мал чекор, но сме посветени на целосно изнаоѓање на солуција за играње преку зимските месеци додека се реновира зградата на театарот”

Низ ходниците можеше да се види смеа и радост на детските лица, кои конечно по долги години се во можност да гледаат театар во зимно време.

, StoryLand