Првото место го зазеде позната пејачка. Дури три дами од британскиот двор се најдоа на листата на највлијателни жени во светот кога е модата во прашање, но сигурно се прашувате која славна дама излезе на врвот?

Студијата на експерти за ткаенина во Dalston Mill Fabrics ги анализирала податоците од пребарувањето на Google за различни поими поврзани со стилот за повеќе од 200 познати дами ширум светот за да се утврди кој има највлијателен стил, пишува Yorkshireeveningpost.co.uk.

Можеби ќе бидете изненадени, но пејачката Аријана Гранде го зазеде првото место со просечни 59.150 пребарувања секој месец ширум светот за термини поврзани со нејзиниот стил.

, StoryLand

Манекенката Кендал Џенер се најде на второто место на листата, а најпопуларниот термин за нејзино пребарување е „Кендал Џенер стил“.

, StoryLand

На третото место се најде пејачката Били Ајлиш со просечни 52.300 пребарувања секој месец.

Само на четвртото место се најде принцезата од Велс Кејт Мидлтон, која е дамата со најмногу стилско и модно влијание во Велика Британија.

На петтото место се најде ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, а на шестото манекенката Хејли Бибер.

Седмото место го зазеде уште еден член од семејството Кардашијан, Кајли Џенер, а осмо пејачката Ријана.

Манекенката Бела Хадид го зазеде деветтото место, а покојната принцеза Дијана десетто. Иако Дајана трагично загина во 1997 година, нејзиниот стил сè уште се бара и анализира.

Следуваа имињата на познатите дами како: Одри Хепберн, Селена Гомез, Меган Маркл (која го зазеде 13-тото место).