Не многу професионалци ќе препорачаат масло од рузмарин, бидејќи повеќето се одлучуваат за масла како кокос или аграр за нега на коса
Маслото од рузмарин има многу придобивки за кожата, но исто така се верува дека прави чуда за раст на косата.
Ова масло потекнува од медитеранскиот регион, тоа е сестрано и популарно растение кое се користи во храната и ароматерапијата како и во медицината.
Маслото од рузмарин можеби не е првото нешто што ви паѓа на ум кога станува збор за нега на коса, но студиите сè повеќе откриваат долга листа на придобивки што може да ги има за вашата коса.
Користењето масло од рузмарин на косата стана тренд на Инстаграм и Тик Ток каде многумина тврдат дека тоа е производ кој може да го спречи опаѓањето на косата и да го стимулира растот на косата.
Експертот за нега на коса Никол Пети објасни зошто маслото од рузмарин е добро за косата.
– Поради своите антиоксидантни, антивоспалителни и антибактериски својства, рузмаринот е одлична природна состојка за растење и прочистување на вашата коса.

– Урсолната киселина од рузмарин делува така што ја зајакнува циркулацијата во скалпот за да овозможи повеќе кислород и хранливи материи во фоликулите на косата – објаснува Никол.
– Маслото од рузмарин може да помогне да се спречи опаѓање на косата, како и проретчување на косата – потврди Саул Мескин, исто така експерт за коса.
Рузмаринот, како и секое друго есенцијално масло, не е добар ако се користи во големи дози, па затоа се советува секогаш да се разредува со вода или да се користи како чај. Доколку сакате да го втриете во кожата, само треба да го измешате со некои од основните масла како маслиново, арган, рицинус, јојоба, бадемово масло.