Петре Мито Андреевски се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања. Во мај 2000 година бил избран за редовен член на МАНУ.
Петре М. Андреевски е роден во демирхисарското село Слоештица, во 1934 година. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата по југословенска книжевност. Работел во Македонската телевизија, а бил и уредник на списанието „Разгледи“. Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН центари на Друштвото на писателите на Македонија (од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател). Петре М. Андреевски почина на 25 септември 2006 година во Скопје. По неговата смрт, на 9 октомври 2007 гдоина, Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, посмртно му доделил Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.
Во 2022 година, во родното село Слоештица, е отворена Спомен-соба во чест на Петре М. Андреевски.
Долги години работел како уредник во Македонската радиотелевизија. Член е на МАНУ од мај 2000 г. Член е на ДПМ (1964) и на Македонскиот ПЕН-центар. Пишувал стихови, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Андреевски создаде дело што не само што ја смени свеста за литературата кај македонскиот читател, кое не само што иницира цели генерации што се угледуваа на тој модел, туку ја смени и македонската критичка свест. Својата вечна преокупација ја ситуира во родниот крај, но со тоа, не стана локален или регионален автор, зашто успеа преку универзализацијата на локалното, својот крај да го постави како центар на светот. Има широка читателска публика и неговата прозна композиција не е потпре- на врз фабулата, туку врз самиот чин на раскажувањето. Особено за романите (како едно време за романите на Стале Попов) се ве- ли дека се најчитани, т.е. бестселери кај народот. Романот „Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза (исто онака како што збирката „Дениција“ ја означи како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам). Има објавено и две збирки стихови за деца („Шарам барам“ и „Касни порасни“). И во песните за деца Андреевски е поет на метафората и алузијата. на јазичната игра и носталгичната медитација.