Мартина Трајаноска или martina’s cooking е можеби највлијателниот food influencer на нашата сцена, дали можеш да ни кажеш како започна оваа твоја приказна?

Профилот започна сосема случајно и без намера и мисла дека ќе биде голем блог за храна. Започна како мал профил, мое место и катче каде сакав да ги зачувам сите слики и рецепти што ги правам секојдневно.

Од каде е желбата да се готви, да се создава – бидејќи според твоите фотографии се гледа љубовта во храната што ја внесуваш?

Готвам од многу мала. Секогаш сум се врткала во кујна со моите и ми било интересно и јас да сум вмешана во процесот. Со тек на време кога моите не беа дома знаев сама да пробувам да направам нешто, па само по себе си дојде и блогот на Инстаграм. Љубовта и трудот се најбитни за секоја работа, а највкусна храна е храна зготвена со многу љубов. Мило ми е што токму таа љубов може да ја видите и почувствувавте преку моите фотографии

Што најмногу сакаш да готвиш и кој оброк ти е омилен?

Нешто кое сакам да го готвам најчесто е пилешко во некој сос со зеленчук и ориз, а омилена храна која би можела да ја јадам секој ден е сигурно пица и лава колач.

, StoryLand, StoryLand

Имаш ли некој рецепт кој лично има некоја приказна и си емотивно врзана со него?

Секој рецепт ми е посебен сам по себе. Можеби би ја издвоила една чоколадна торта која прв пат ја направив на 10тина години и од тогаш е многу често кај мене на мени, а е и еден од најуспешните рецепти на профилот. Ја имам правено на неколку начини и со неколку измени, а е од само 4-5 состојки и секогаш секој е воодушевен од неа.

Ти си првата македонска food инфлуенсерка која создаде апликација со рецепти – како се роди таа идеја?

Апликацијата дојде сосема спонтано и непланирано исто како што и започна овој профил. Всушност имав соработка со компанијата Echo Development за нивен проект за апликација за детски и бебешки рецепти-We recipes, па на еден од состаноците произлезе идеја за апликација и за рецепти за возрасни. Сето тоа беше договорено и реализирано за не цели 2-3 месеци и сега имаме еден и повеќе од успешен проект Martina’s Cooking апликација за видео рецепти, достапна на македонски и англиски јазик

Апликацијата е фантастична – од првиот миг ја користам, криеш ли уште новитети во ракав или сега ќе се фокусираш на нејзино надоградување?

Ви благодарам. Моментално се фокусирам на инстаграм профилот и аплликацијата која постојано се надоградува, се работи на нејзино подобрување, нови рецепти и интересни работи кои ќе следат периодов.

, StoryLand, StoryLand

Која е Мартина кога не е во кујна?

Периодов поради апликацијата и повеќето соработки на профилот Мартина е 80% во кујна, хахаха

Кога не е во кујна најчесто е дома или во друштво, со добро кафе или добар филм и гледам да поминам што е можно повеќе време со најблиските

Твојата цел генерално и што е она што те води низ лавиринтите на животот?

Верувам во добри и позитивни мисли, сила на привлекување и афирмации. Сметам дека се што ќе посакаш можеш да имаш, само треба да се работи со многу труд, љубов и верба.

Млада си и амбициозна, со интересна професија и атрактивно хоби – која е твојата неостварена желба до сега?

Неостварена желба е со сигурност убава кујна и убаво катче за готвење и снимање видеа. Тоа го посакувам подолго време, а се надевам наскоро ќе биде.

, StoryLand, StoryLand

Мислиш ли дека храната ги зближува луѓето?

Храната е она што не одржува во живот, и она што ги зближува луѓето со сигурност. Храната е едно од најбитните нешта, така да поминете го своето време во уживање на добра и вкусна храна.

И за крај дали можеш да ни кажеш еден цитат, твој или од некој твој омилен готвач поврзана со храната ?

Еден убав цитат од омилен филм Julie&Julia

No one is born a great cook, one learns by doing.

Како и за се во животот.. доколку се трудите, го надоградувате своето знаење, верувате во тоа и го работите со многу љубов ќе бидете и повеќе од успешни🤗