Kaко се роди приказната на ИЈК фотографија?

Непланирано, спонтано.. никогаш не ни помислив дека ке се занимавам сериозно со ваков вид на уметност. Почнав од мое лично задоволство и до ден денес е така :).

Почетоците и желбата за фотографија се од мали нозе или подоцна се случи таа љубов?

Љубовта кон уметноста е составен дел од мојата личност.. Всушност, ne паметам дел од мојот живот без да е пропратен со некаква уметност..Во училишните денови беше цртањето, па повремено знаев и некој DIY проект да си направам, едноставно неможев да седам мирна , имав постојана потреба да работам на нешто и да си уживам во сработеното. А фотографијата, дојде заедно со мојата прва ќеркичка. Се запишав во училиштето за уметничка фотографија , што го организира ФотоКлуб Куманово. Се запознав со основите на уметничка фотографија и моќта на објективот 🙂 Така започна се, паралено со уметничките фотографии и многуте фотосафари што ги организираше ФКК, наградите , изложбите ,беа и фотографиите на мојата ќеркичка.

Како започна идејата за да почнеш да сликаш новороденчиња и што те инспириаше да почнеш со ваков тип на фотографија кој е многу тежок и бара посебна љубов и трпение?

Како што растеше мојата Зара, се повеќе се навраќав на првите нејзини денови, и на првите нејзини фотографии. Времето леташе и таа беше различна секој ден. Тоа беше прва и основна причина да започнам со документирање на тие први денови од животот на бебушките.

Колку долго сезанимаваш со фотографија?

5 год.

, StoryLand , StoryLand

Од каде најчесто се инспирираш за да создадеш некоја фотографија?

Најголема инспирација се самите моделчиња, бебињата и дечињата. Секогаш најпрвин се консултирам се родителите, за нивните очекувања и желби за тоа како би сакале да изгледаат нивните фотографии, сепак мојот краен производ секогаш го замислувам закачен на посебно место во нивниот дом 🙂 Потоа, секако дозволувам да ме води детенцето или бебето што ми е пред објективот. Сите тие имаат своја приказна и своја енергија што јас ја прераскажувам на мој начин.

Кој од сетинзите ти е омилен, и која возраст ти е омилена за фотографирање?

Немам омилен сетинг, можеби од причина што сите сетинзи се различни и подготвени посебно за секое детенце. Многу ретко ги повторувам комбинациите на боите, сценографиите..Исто е и со возраста, секоја си носи свои убавини и предизвици.Бебињата бараат посебна нега и внимателност, додека со роденденчињата се играме, дружиме, пееме 🙂

Дали можеш да ни кажеш некои интресни случки од време на фотографирањето?

Уф! Секој ден е различен, и секое детенце ми приредува барем неколку уникатни случки 🙂 Најитересни се сесиите со повеќечлено семејство, тука секогаш од неколку фотографии успевам да склопам една 🙂 Сите дечиња имаат по неколку добри фотографии, ама никако заедничка добра, и тогаш монтирам неколку фотографии за да има една ЗАЕДНИЧКА НАСМЕАНА 🙂

Која е Ивана кога не е во своето студио и позади апаратот?

Ивана е мама на 2 девојчиња – засега најголема улога (нема време и простор за друго хаха).

Љубовта кон фотографијата е нешто што од хоби преминало во професија, но кога би можела да одлучиш што суштински те дефинира како личност тоа би било?

Слободен уметник.

, StoryLand , StoryLand

Дали ИЈК е преземен ризик – со оглед дека сме свесни дека не секој би се решил да ги фотографира бебињата, дали родителите се одлучуваат на тоа?

На мое огромно задоволство , се повеќе родители се одлучуваат да ми ги доверат најмалите и најмилите . Искуствата што си ги споделуваат родителите меѓусебно, за мојата работа и посветеност, за хигиената, трпението, разбирањето што го имам кон бебињата , но и кон родителите, мислам дека се главни виновници за се побројните храбри родители :).

Твојата цел генерално и што е она што те води низ лавиринтите на животот?

Моето семејство, сопругот и девојчињата,нивната благосостојба е мојот извор на сила.

Мислиш ли дека љубовта кон уметноста и грижата за истата може да ги зближува луѓето и менува?

Искрено да, но за жал , се помалку луѓе на нашите простори имаат слух и вид за вистинска уметност, водени од вртлокот на брзото време, медиите се повеќе сервираат ефтина и површна вредност…

И за крај некој цитат што ете може да се каже ти е мото во живтот, не мора да е цитат – некоја мисла што ја поистоветуваш со себе си?

Животот ти е како што ти е мислата , работи го тоа што те прави среќен, универзумот ќе се потруди да ти ги намести коцките баш по твоја желба :).