Kaко се роди приказната на Христина Тарабунова?

Растев и сеуште сум меѓу луѓе кои се ксенофили. Такви се сите најблиски, фамилијата па и другари и пријатели. Ја сакаат културата, природата, ценат манири, обичаи, странски култури.. Го сакаат животот.

Неблагодарно ќе изгледа ако двојам но секогаш прв го спомнувам дедо ми Захарија. Со него имавме посебна врска давајќи ми ја слободата и поддршката да посакам и да можам да си ја кажам својата приказна што не можам тоа да не го кажам и за останатите. Од приказните за спомените од минатото до футуристични имагинации од висењето по гримиорни и канцеларии во МОБ и МРТВ, одење на опери, балетски претстави, театри, концерти, фестивали, домашните седенки со песна, шлагери, шансони, евергрини, многу инструменти, многу артисти, хумор, секогаш добра кујна, костимографија, дизајн, сликарство…многу енергична – за средина пргава, темпереамента личност како што сум самата јас. Средина која е инспиративна сама по себе и многу ми помогнала да успеам да го погледнам светот низ очите на другиот.Така започнува мојата приказна..од мали нозе сум посветена на желбите и ја негувам љубовта кон уметноста. Opus artisan!

Како започна идејата за да почнеш да твориш и создаваш и што те инспириаше да почнеш со ваков тип на уметност бидејќи буквално ти си артист кој што може и да слика и да ваја да создава креативни и модерни парчиња облека,  всушност како се создава идејата да видиш уметност во се?

Идеата да почнам да творам и создавам своја уметност, слика на платно, мурал, скулптура, дизајн и редизајн, ентериер, екстериер, гардероба…всушност можноста да извлечам уметност од се се повлекува низ годините. Како од секогаш да е присутна и е поврзана со емоциите, сетилата, интелектот, потрагата по убавото но и  прифакјанјето на модерното современото. Како естета, тешко можам да го контролирам својот креативен импулст, напротив секогаш долевам бензин на огнот J Комбинација на вештините додека се откриваш себе си е посебна магија… како што ќе речат “Уметноста постои за да се восхитуваме” па од таму и мојот порив за работа. Никогаш до крај не ми ја отркила својата тајна, ние кои се занимаваме со уметност сме само апарати кои моѓеме да ги регистрираме процесите во длабочината, каде што се создава вредноста.

, StoryLand

Колку долго создаваш и креираш?

Уметноста вреди онолку колку што во неа и низ неа се изразува онаа сила во нас што е поголема од нас самите. Толку време е потребно и да се создаде истата. Иако поседуваш некоја идеја, сакаш да ја наметнеш а немаш јасна намера, тоа го знаеш дури откако ќе ја создадеш, цел тој процес на уметничкото создавање. Не постои идеално време.

Од каде најчесто се инспирираш за да создадеш/ насликаш нешто?

За себе ке кажам дека сум многу љубопитна. Од мала ме инересираа различни работи, па за да ме занимаваат ме учеа како се ткае, како се шие, крои, како се црта, бои.. Својот излив на искреност, својата инспирација ја црпам од општествените проблеми и душата на колективно ниво. Тоа е нешто што е поголемо од мене самата. Како еден вид на спроводник на висок напон сум. Кога имам неинспиративни периоди тогаш ми е најтешко во сопствената кожа. За да создавам, потревно ми е да се издвојан од множината.

, StoryLand

Имаш ли омилено дело и омилена изложба?

Омилеи ми се сите дела на посебен начин. Повеќе е чисто сочувство поради личното учествување во самиот уметнички исказ отколку снобизам. Омилена изложба ми е мојата прва “Оној кој ќе зачува живот, го чува целиот свет – 13 причини зошто” колективен арт базар преку кој станав свесна дека сум многу среќна и своја правејќи го тоа, создавајќи уметност и соработувајќи со други артисти. Претходно како да го стискав во себе поради несигурност…

Кога патувам во странство посебна среќна се чувствувам ако начекам изложба на Климт, Пикасо, Шиле…од домашните ќе ги издвојам делата на братучед ми  Крсто Тарабунов, на дедо ми Ѓорѓи Здравев, Мирослав Масин, Калина Брајковска….

Дали можеш да ни кажеш некои интресни случки од време на создавањето на некоја слика?

Повеќе се… Како најтазе можам да ги издвојам: Една додека работев на последниот проект на тема љубов. Прв пат работев дело во колаборација со друг артист кој без искуство но со многу сенс за уметност побара да се вклучи во истото. Целиот тој процес, на водење меѓусебни конфронтации за на крај да брилјира во една целина насловена како “Циганин и девица” акрил на платно 181×121 и друга, колаж техника, дело кое го работев по една книга од авторот Артур Шницлер, по истата е режиран филмот Eyes wide shut. Чудно се склопија тогаш коцките, бидејќи претходно се воодушевував на колажите на Матеј Богдановски и решив да си го зададам тој предизвик. Откако го објавив, Матеј ме контактираше дека му се допаднал и тоа ми даде посебен ветар во грб да продолжам да се развивам и на тоа поле.

, StoryLand

Дали можеш да раскажеш некоја приказна околу некое уметничко дело и како се случило истото?

Приказната за “Оној кој е зачувува живот го чува целиот свет – 13 причини зошто”. Во тој период чувствував посебна носталгија за минатото, некако постојано се присетував на детството и многу често ми доаѓаше на ум како ткаевме врз керамиди со стрина ми , а паралелно се почесто ми се појавуваше срце пред очите во различни форми насекаде, како и бројкте 11:11. Таа чудна комбинација ме натера да создадам дела, рачно ткаени зидни скултпури и истите да сакам да ги продадам за да соберам средства за децата болни кои лежат на Онкологија. Секое дело носеше посебна порака.

Која е Христина Тарабунова кога не создава уметност?

Патувам, филмоман, вљубеник во спортот, чистокрвна Тарабунка J, често помеѓу луѓето по неретко сама во некој свој свет. Покрај хобијата, работам туризам но се интересирам и за финансиски напредни услуги, инвестиции.

Љубовта кон уметноста е хоби кое зрачи и зазема преголем дел во твојот живот но кога би можела да одлучиш што суштински те дефинира како личност тоа би било?

Дизајнот на ентериер. Посебно сум внесена во таквиот процес.

, StoryLand

mde_vivi

Што најмногу сакаш да сликаш?

Апстракт, иако во последно време многу ме привлекува и реализмот.

Твојата лична приказна – онаа што не е поврзана со уметноста?

Maгистрирав како туризмолог при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, работам во Собрание на Град Скопје во Секторот за Локален Економски развој и сум лиценциран туристички водич. Ја сакам својата работа бидејќи ми дава можност нон – стоп да сум во контакт со странци, да запознавам различни култури и разменувам искуства но сепак мислам дека многу работи треба да се променат на таа тема. Од неодамна се заинтересирав да влезам во дигиталниот свет па така се запишав на курс за графички дизајн за што морам да признаам дека нее баш лесно но, јас не се откажувам. Не ме интересира политика, секогаш сум гласна на неправди па често знам и да се активирам на некоја тема со цел да придонесам за подобро утре. Поради својата емпатична природа станав и крводарител и се радувам кога можам да помогнам. Имам активен социјален живот, во слободно време тренирам кик бокс и секогаш сум недоволно наспана.

, StoryLand

Твојата цел генерално и што е она што те води низ лавиринтите на животот?

Oна што ме води низ лавиринтите е убавата мисла дека секогаш може да биде подобро и насмевка на лицето. На некој тоа му изгледа наивно ама баш  тогаш, тој истиот може многу да се зафркне.Падни, стани и погледни ги работите од друг агол. Мојата цел е да живеам испонет живот.

Млада си и амбициозна, креативна и со моќ да оставиш силен печат на македонска уметничка сцена – која е твојата неостварена желба до сега?

Mојата неостварена желба е живот во некоја странска земја, како Португалија, Шпанија или Англија, а се каам на моменти што не се посветив на модната академија иако бев првиот студент што се запиша на Academia Italiana во тој период…Но нели, никогаш не е доцна.

Мислиш ли дека љубовта кон уметноста и грижата за истата може да ги зближува луѓето и менува?

Љубовта и уметноста засебно се храна за душата но и за двете се потребни доста знаење и труд бидејќи не се случајни, сепак тука круцијална е умешноста. Во двете насоки не може било кој да се впушти, без разлика на зрелоста. Без капацитет да се љуби и без храброст, ретко се достигнува продуктивна ориентација. Денес постојат искривени перцепции. Потреба е многу меѓусебна почит. Не е едноставно. Освестувањето дека сите ние сме странци кои треба да срушиме некој зид, тој момент на единствое еден од најрадосните, највозбудливите искуства во животот. Така и за љубовта кон уметноста т.е различноста во неа. Тој што бил затворен и изолиран за него се станува поубаво и чудесно. Уметноста ја има таа моќ.

И за крај некој цитат што ете може да се каже ти е мото во живтот, не мора да е цитат – некоја мисла што ја поистоветуваш со себе си

“Vis ta vie”  што во превод значи “Живеј го животот”, од неодамна си направив и таква тетоважа