“Слушај, сакам да го направам ова за Украина“ – вели Дејвид Гилмур и одлучи да се роди одлична идеја!

Пред неколку недели, гитаристот и пејач на Пинк Флојд, Дејвид Гилмур, беше запрашан дали го видел Инстаграм видеото на Андриј Хливнјук, фронтмен на украинската рок група BoomBox. Гилмур имаше настапувано во живо со BoomBox во 2015 година, на лондонската свирка за Белорускиот Слободен театар – тие свиреа краток, драгоцен сет од песни на Пинк Флојд и соло песни на Гилмур – но настаните драматично се сменија оттогаш: на крајот на февруари, Хливнјук ја напушти турнејата на BoomBox во САД со цел да се бори против руската инвазија.

На својот Инстаграм, Гилмур пронашол видео од пејачот во војничка униформа со пушка закачена преку неговото рамо, како стои пред киевската катедрала Света Софија, испуштајќи ја верзијата без придружба на Oh, Red Viburnum in the Meadow, протестна песна од 1914 година напишана во чест на пушките Сич кои се бореле и во Првата светска војна и во украинската војна за независност.

„Помислив: тоа е прилично магично и можеби можам да направам нешто со ова“, вели Гилмур. „Имам голема платформа на која Пинк Флојд работеа сите овие години. Навистина е тешка и фрустрирачка работа да се види овој невообичаено луд, неправеден напад од страна на голема сила врз независна, мирна, демократска нација. Фрустрацијата да се види тоа и да се размислува „што, по ѓаволите можам да направам?“ е некако неподнослива“.

Резултатот е „Hey Hey, Rise Up!“, нов сингл на Пинк Флојд кој ја прикажува изведбата на Хливнјук, кој ќе биде објавен на полноќ во петок, а приходите ќе бидат наменети за украинската хуманитарна помош.

 

Повеќето претпоставуваа дека Пинк Флојд  непостои. Тие последен пат објавија оригинална нова музика пред 28 години.

Инвазијата на Украина го промени мислењето на Гилмур.

„Мразам кога луѓето кажуваат работи како „Како родител, јас…“, но практичноста да се има проширено украинско семејство е дел од ова. Моите внуци се полу-Украинци, мојата снаа Јанина е Украинка – нејзината баба до пред три недели беше во Харков. Таа е многу стара, инвалид, во инвалидска количка и има старател, а Јанина и нејзиното семејство успеаја да ја однесат низ Украина до полската граница и сега успеаја да ја однесат во Шведска, буквално минатата недела“.

Му се јавив на Ник и му реков: „Слушај, сакам да го направам ова за Украина. Би бил навистина среќен ако свириме сите заедно, а исто така би бил навистина среќен ако се согласите да го објавиме како Пинк Флојд.“ И тој беше апсолутно за тоа.

„Тоа е Пинк Флојд ако сме јас и Ник, а тоа е најголемото промотивно возило; тоа е, како што реков, платформата на која работев цел мој возрасен живот, од мојата 21 година. Не би го правел ова со многу повеќе работи, но толку е од витално значење, од витално значење луѓето да разберат што се случува таму и прават се што е во нивна моќ да ја сменат таа ситуација. И мислата, исто така, дека мојата и поддршката на Пинк Флојд на Украинците може да помогне во зајакнувањето на моралот во тие области: тие треба да знаат дека целиот свет ги поддржува.

 

 

, StoryLand

Новиот хит “Hey Hey Rise up” Пинк Флојд