Доколку сакате да си приредите викенд одмор, сега е вистинското време бидејќи градовите се во тоа посебно расположение, а во повеќето европски метрополи има вистински божиќни пазари, кои привлекуваат многу туристи.

Дополнително, цените на тие викенд одмори се одлични, па за само триесет евра можете да ги посетите Италија, Словенија, Унгарија, Австрија или Хрватска и да го почувствувате вистинскиот дух на претстојниот Божиќ!

Затоа за вас издвојуваме три града кои во овој период се целосно магични!

Загреб
Главниот град на Хрватска го има еден од најубавите божиќни пазари, па воопшто не е чудно што често се наоѓа на светски познатите листи.

Познатиот Адвент со години го предводи патот, а целиот град станува вистинско ледено царство полно со интересни содржини и најимагинативна декорација!

А најдоброто од се е што можете да стигнете до Загреб брзо и лесно, а многу агенции нудат повеќе од поволни аранжмани за совршено адвентско патување.

Љубљана

Еден од најзелените градови во Европа ги исполнува и сите услови за совршено викенд патување.

Уживајте во привлечноста на вистинската зимска бајка, за што многу придонесува и положбата на Љубљана, која е опкружена со најубавите езера и моќните планински врвови.

Будимпешта

Сите кои планираат да ја посетат Будимпешта во овој период од годината, освен во одличните културни споменици, ќе можете да уживате и во некои од најубавите божиќни пазари во Европа.

Главниот божиќен пазар во Будимпешта се одржува на плоштадот Vörösmarty, во близина на мостот на синџирите и на околу 10 минути пешачење јужно од познатиот Парламент.

Уживајте во погледот на Дунав во вистинскиот божиќен дух!