Британската пејачка Џеси Џеј со своите следбеници на Инстаграм сподели колку и понатаму ја боли што го изгубила бебето пред точно една година.

Во долга објава таа го напиша следново:

– Тагата е толку чудно лично патување. На денешен ден пред една година ми кажаа дека срцето на моето бебе престанало да чука. Иако сега можам да ја раскажам приказната без да плачам, ги откривам сите позитивни работи што ми ги донесе ова искуство.

Пејачката со британско потекло ја наведе моќта на мудроста, емпатијата и благодарноста и додаде колку сè уште боли кога размислува за сите жени и мажи и семејства кои поминале низ таква загуба, пишува Дејли мејл.

Пејачката минатата година остана бремена со своето прво дете откако реши сама да роди бебе.

Џеси сега вели дека времето може да помогне, но таа болка никогаш не исчезнува.

Конечно, таа се сврте кон своето неродено дете:

– На моето мало ангелче бебе. Те чувствувам насекаде, особено денес.

Во јули минатата година, Џеси на концерт изјави дека повторно се обидува да забремени и дека нејзиното тело ја менува формата поради тоа.