Студијата опфатила 16 мажи и 14 жени, кај кои истражувачите следеле што јадат четири недели.

Колку пати сте слушнале дека тајната за слабеење е да ја прескокнете вечерата и дека треба да појадувате силен и калоричен? Додека некои се колнат во овој начин на исхрана, шкотските научници открија дека нашиот метаболизам согорува исто количество калории што ги внесуваме во секое време од денот.

Ова правило нема да ви помогне да го согорите вишокот маснотии и да изгубите тежина. Единствената придобивка од јадењето повеќе наутро е тоа што ќе бидете помалку гладни подоцна во текот на денот, што може да значи дека помалку ќе посегнувате по грицките, велат истражувачите во описот на резултатите од истражувањето објавени во научното списание Cell.

Студијата опфатила 16 мажи и 14 жени, во која истражувачите следеле што јадат четири недели, со цел да видат како распределбата на калории влијае на нивната тежина.

Секој човек добивал иста здрава исхрана, но половина од нив морале да внесуваат најголем дел од нивните калории за време на појадокот, а другата половина на вечерата. По две недели, тие се префрлија, па луѓето кои јадеа најголем дел од нивните калории наутро, сега јадеа подоцна во текот на денот, и обратно.

Истражувачите од Универзитетот во Абердин откриле дека времето од денот кога испитаниците консумирале најмногу калории немало влијание на тоа колку килограми изгубиле. Секој испитаник изгубил еднаква количина на тежина во текот на тие четири недели, што покажува дека нивниот метаболизам согорува исто количество енергија наутро како и навечер.

Водечкиот автор на студијата, професорката Александра Џонстон, рече дека учесниците чувствувале дека нивните апетити се „подобро контролирани“ во деновите кога јаделе поголем појадок и „се чувствувале посити во остатокот од денот“.

– Тоа би можело да биде многу корисно во пракса и треба да се направат уште некои студии во пракса, но ќе биде тешко да се утврди како функционира тој механизам – вели таа и додава дека нема да има една диета која одговара на секого.

– Тоа е процес кој е индивидуален, само што за сите е исто што би морале да постигнат калориски дефицит, односно да внесуваат помалку калории отколку што внесуваат во текот на денот – додаде таа.

Сè што јадете и пиете додава калории во вашето тело. Користи калории за одржување на органите, здравото ткиво, дишењето, отчукувањата на срцето и секое движење што го правите. Затоа мораме да водиме сметка сепак да внесуваме доволно калории за да го одржиме здравјето на телото.