Познатата актерка воодушевува со модни комбинации кои го истакнуваат нејзиниот шарм, интелигенција и став
Кетрин Зета Џонс е дама која уште во раната младост зрачеше со софистицирана убавина и егзотичен шарм, а она што денес ја прави особено неодолива е комбинацијата на женственост, суптилна сексипилност и интелигентна дрскост во погледот „под веѓите“.
Познатата актерка плени каде и да се појави и секогаш е совршено стилизирана, во сите прилики и на сите места, дури и за време на приватно патување.
Така е фотографирана на еден аеродром каде уште еднаш покажа како се патува со стил.
View this post on Instagram
Оваа непогрешлива „рок-ѕвезда“ комбинација на црни панталони со ремен и црна блуза со в-врат, која ја надополни со црна кожна рокерска јакна со патент, целосно ја придружуваше и го нагласи нејзиниот карактер и потврди дека Кетрин е дама со став.
Со оглед на тоа што е голем љубител на разни видови шапки, така и овој пат не можеше да им одолее, па посебен шарм на целокупниот изглед даде сива шапка со сатенска лента и сива чанта, кои одлично се вклопија во овој рокерски стајлинг. .
Таа дури во коментар на таа фотографија на Инстаграм напиша: „Каде и да ја ставам капата, таму е мојот дом“.