Кристијано Роналдо порача дека не може да има светско првенство без Португалија, која утре се среќава со Македонија во финалето на плеј-офот, при што победникот обезбедува пласман на Мундијалот во Катар.
Избраниците на Благоја Милевски во четвртокот го шокираа европскиот првак Италија, која многумина ја гледаа како противник на Португалија и Роналдо призна дека и самиот бил изненаден од исходот на мечот во Палермо.
„Знаеме дека мора да победиме ако сакаме да играме во Катар. Не може да има светско првенство без Португалија“, кажа Роналдо.
Мечот се игра утре во Порто, со почеток во 20:45 часот, а ќе суди Англичанецот Ентони Тејлор.