Атрактивните форми и бои, високиот квалитет на производите и еко-материјалите се заедничкиот именител за изложувачите на овогодинешната саемска манифестација.

Кога мислиме на добар стил – и во модата и во животот, мислиме на Италија. Саемот во Милано HOMI потврдува зошто е тоа така. Најновите трендови во дизајнот на домашен декор не водат во светот на стилот, елеганцијата и актуелноста.

, StoryLand

Атрактивните форми и бои, високиот квалитет на производите и еко-материјалите се заедничкиот именител за изложувачите на овогодинешната саемска манифестација.

Еден од најпрестижните меѓународни саеми ХОМИ, и покрај општата светска атмосфера на нестабилност и строгите мерки за коронавирусот кои се уште важат во Италија, официјално беше отворен на 11 март.

, StoryLand

Овој саемски настан е посветен на домот, ентериерот и начинот на живот.

, StoryLand

Четири дена на посетителите ќе им бидат претставени најмодерните и најиновативните трендови во производството и дизајнот на мебел, украсни предмети, опрема, текстил, садови, домашни мириси.

Според организаторите, годинашниот HOMI ќе биде домаќин на 352 брендови од 27 земји, а се очекува и голем број посетители.

Одржливоста и еколошките материјали во дизајнот се истакнати теми меѓу изложувачите, а оваа година KI-Life Sustainable Award 2022 ќе им биде доделена на италијански и меѓународни брендови кои најадекватно одговориле на темата еколошка и општествена одговорност.

Посетителите можат да уживаат во многу динамичен и богат настан, а сликите кои доаѓаат со нас од познатиот саем се вистинска инспирација за уредување на домот – елегантно и стилски.

, StoryLand