Оваа година првпат во Куманово, на 25 и 26 мај ќе се одржи Меѓународен фестивал на прозата под организација на Ценатарот за Култура ”„Трајко Прокопиев” .

На фестивалот ќе учествуваат еминентни и познати автори од регионот, како и од Северна Македонија.

За првата вечер се планирани Јорданка Иванова Белева од Република Бугарија, Лејла Каламујиќ од Босна и Херцеговина и македонската писателка Оливера Ќорвезировска.

За втората вечер на 26.05.2022 година се планирани како модератор Петар Андоновски, Александар Шпатов од соседна Република Бугарија, Давор Стојановски, Иван Шопов, Николина Андонова Шопова, Лира Бојку, Жарко Којунџиски и Фејзи Бојку.

Кумановчани со нетрпение го очекуваат фестивалот и се надеваат дека ќе продолжи и оваа традиција, и дека ќе се во можност секоја година да уживаат во убавиот пишан збор.

Центарот за Култура „Трајко Прокопиев” , веќе со години активно ја промовира културата и се бори за неа во Куманово. Низ најразлични манифестации пробува да го доближи културниот свет до публиката и да и обезбеди патување низ уметноста.

За оваа лето се планирани бројни настани кои ќе го одбележат културниот живот во Куманово.

Тековно во Центарот за Култура „Трајко Прокопиев” секојдневно може да присуствувате на изложби, промоции на книги , но и да уживате во добра театарска претстава.

 

, StoryLand , StoryLand