Групата Манескин сними видео за поддршка на борбата за слобода на Украина!

Манескин кои ја освоија јавноста со својата Евровизиска песна и продолжија да ја освојуваат Европа и Светот, денеска објавија видео со поддршка за борбата за слобода на Украина.

Ова не е прв пат италијанскиот бенд да застане против руската окупација на Украина.

Пред две недели, Манескин ги откажа своите концерти во Русија за време на светската турнеја за да покаже солидарност со Украина.

Нивната „Loud Kids Tour“ ќе опфати 48 свирки во Северна Америка и Европа.

Сепак, еден град кој е симнат од листата е Москва како одговор на руската инвазија на Украина.

„Па, мислам дека со оваа ситуација, се разбира, е многу тешка ситуација“, рече басистката Викторија Де Анџелис. Затоа, мислам дека е правилно да се застане со Украина и да покажеме почит кон тоа“.