Веројатно веќе имате некоја облека во вашиот плакар, па ќе можете да ги следите најавените трендови.
Британски „Вог“ ги одбра најголемите модни трендови кои ќе се носат оваа есен, анализирајќи ги колекциите на познатите модни дизајнери ширум светот.
1. Бела долна кошулa
Белата маица кој наликува на долна кошула не е резервиран само за лето. Познатите модни куќи предлагаат да се комбинира со есенската гардероба, а одлично се вклопува со фармерки, панталони и макси здолништа кои исто така ќе бидат хит оваа есен.
2. Бомбер јакни
Некогаш резервирани само за пилотите кои ги носеле за да се заштитат од студот, тие биле направени од кожа и крзно. Меѓутоа, со развојот на модната индустрија, денес тие се направени од полесни материјали и совршено се комбинираат со облека која припаѓа на уличната мода.
3. Струкирана облека
Оваа есен се ќе биде за нагласување на половината. Без разлика дали станува збор за фустани, блузи или јакни, пожелно е струкот да се истакне со гардеробата што ја носиме.
4. Двоен џемпер
Оваа година дизајнерите предлагаат неколку слоеви волнена облека. Шанел претстави комплети џемпери и здолништа, а велат дека можете да си играте со комбинирање на различни дезени и бои на вашите омилени волнени парчиња.
5. Облека која е предолга
Оваа есен е резервирана за долги здолништа, фустани, капути, јакни и маици. Сакале или не, подгответе се за фустани со рабови до подот и блузи со долги ракави кои дури ги покриваат вашите раце.