Актерката и пејачка Џенифер Лопез пред неколку дена со семејството одлучи да го посети италијанското летувалиште Капри. Како и секогаш, сите ги остава без здив со својот изглед и комбинации.

Џенифер вчера беше фотографирана во летно модно издание во кое изгледаше беспрекорно. Имено, таа се одлучи за светло син мини фустан во А линија со прерамки кои се украсени со машнички, а она што ја прави посебна оваа креација е впечатливиот цветен мотив во нијанси на црвена и темно сина.

, StoryLand

Џенифер го комплетираше својот изглед со златни обетки, соодветни нараквици и прстени, а сè „зачини“ со елегантна пунџа.

Освен накит и коса, Џенифер носеше и рафија чанта со кафени кожни детали од брендот „hermes“, како и сандали со висока платформа.

Латино дивата како и секогаш се шминкаше многу малку, а ние уште еднаш имавме можност да ја видиме нејзината природна убавина.

, StoryLand