Пијано трио „Триптих“ вечер во Музејот на македонската борба ќе одржи концерт насловен „Шест раце за шест премиери“, во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, што го организира Сојузот на композиторите.

На концертот, триото „Триптих“, кое го сочинуваат пијанистките Марија Вршкова, Сара Пројковска и Елена Атанасовска – Ивановски, премиерно ќе изведе композиции од помладата генерација македонски музички творци: „Саати“ на Михаило Трандафиловски, „Пулсирачки град“ на Ана Пандевска, „Враќање“ на Дарија Андовска, „Y to my gti turbo pride 3“ на Дамјан Темков, „Alisios“ на Бете Илин и „Токата“ на Филип Иванов.