Одново и одново покажува колку стил поседува.

Есента и официјално пристигна, а тоа го знае и Кејт Мидлтон, која донесе еден од омилените парчиња облека – капут. Кејт е вистинска принцеза на модата, но и кралица на капутите, а тоа го докажа и денес.

Кејт и нејзиниот сопруг Вилијам денеска посетија спасувачка станица во Велс, а принцезата како и секогаш изгледаше беспрекорно.

, StoryLand

Се одлучила за многу едноставен стајлинг, па облекла црни панталони со широки ногавици, црна маичка, а потоа за да ја „скрши“ монотонијата облекла црвен капут „Спенсер“ кој чини 670 евра.
Едноставниот крој капут е украсен со златни копчиња и прекрасни детали на џебовите. Од модните додатоци донесе црна ташна и златни обетки, а кога се чевлите во прашање се одлучи за црни кожени потпетици кои одлично се совпаѓаа.

Lady Di, Dajana
Принцезата од Велс е позната како личност која често носи слична облека по моделот на Лејди Ди, па многумина помислија дека таа сака да и оддаде почит со овој капут.