Костумите никогаш не излегле од мода, а често ги носат дами од кралските семејства.

Кралицата Ранија од Јордан изгледала фантастично стилски кога прошетала по улиците на Њујорк во светло розев костум.

Убавата кралица се одлучи за бебешко-розово одело за гостување во емисијата „Добро утро Америка“.

Иако оделото може да нагласи строго деловен изглед, овој розов костум на Александар Меквин всушност направи кралицата да изгледа опуштено.

Сакото со различни димензии на рабовите беше одлично надополнето со тесни, пократки панталони во иста боја, а целата комбинација на повисоко ниво ја подигнаа и светлорозовите елегантни чевли со потпетица од модната куќа „Диор“.

Колку оделата се сакани меѓу кралските дами покажува и изданието на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон од 16 јуни 2022 година, кога носеше сличен розов костум, исто така од модната куќа „Александар Меквин“.

Иако оделата не се од ист крој и нијанса, не можевме да не ја забележиме сличноста во овие два стајлинзи, кои се креација на иста модна куќа.