Ирина Шајк е фотографирана на улиците на Њујорк во црн кожен капут од модната куќа „Барбери“. Убавата руска манекенка Ирина Шајк е вистинска модна икона, која на многумина им служи како инспирација.
Таа е една од најбараните модели на денешницата, па не е ни чудо што ја знае тајната на беспрекорниот стил. Без разлика дали оди на прошетка со ќерка си, пазарува или е на црвениот тепих, Ирина го знае рецептот за добар изглед.
Така таа во текот на вчерашниот ноемвриски ден беше фотографирана на улиците на Њујорк во црн кожен капут од модната куќа „Барбери.