Топлите и впечатливи бакарни и костенливи тонови, шишки и локни ќе му дадат нова димензија на вашиот изглед и ќе направат да изгледате помлади.
Есента пристигна, а со неа и новите трендови кога се фризурите во прашање.
Златните тонови кои беа доминантни во текот на летото сега полека паѓаат во втор план и им отстапуваат место на бакарните и тегет нијансите, кои ја следат промената на боите во природата.
Штом Зендаја ја промовираше темната коса со бакарен сјај, стана јасно дека ќе биде еден од најследените трендови оваа есен.
– Ќе доминираат костеновите нијанси, бидејќи повеќето девојки сакаат потопол ефект кој одговара на актуелната сезона – вели фризерот Макс Андреас.
– Русокосите веројатно ќе се одлучат за тонови од карамела или коњак, за подобро да се вклопат во боите со кои сме опкружени. За да го одржите луксузниот сјај што ќе го донесе вашата нова боја на коса, задолжително нанесувајте маска барем еднаш неделно.
Покрај топлите бакарни и костенови тонови, тренд кој ќе доминира оваа есен и зима се шишките. Тие се, во исто време, најбрзиот и најефикасниот начин да ги „бришете“ годините и да изгледате помладо. Изберете ги оние кои ја ласкаат формата на вашето лице.
View this post on Instagram
Има добри вести за дамите кои не сакаат да се откажат од своите локни – афро-локните, како и поголемите и луксузните остануваат во тренд. Важно е, велат фризерите, косата да е негувана и сјајна, што ќе го постигнете со користење на специјализирани препарати и редовно средување на расцветаните врвови.