Настрана од сите предности да се биде принцеза, постојат неколку совети кои можеме да ги прифатиме за да го добиеме истиот резултат со помал буџет.

И покрај исклучително напорниот кралски распоред и трите деца помлади од 10 години за кои треба да се грижи, Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, сепак успева да остане витка и здрава.

Гери Локвуд, извршен директор на 24/7 Fitness, зборуваше за Експрес за тоа како Кејт ја одржува својата чудесна фигура преку диета и вежбање – и како обичните жени можат да го направат тоа дома.

Принцезата од Велс изгледа витко, затегнато и блескаво без разлика дали е на црвениот тепих или надвор со семејството.

Фитнес експерт откри како ја одржува фигурата преку диета и вежбање и вели дека е можно да изгледате како Кејт без кралски начин на живот.

Значи, ако ги одземеме личните тренери, личните готвачи, ексклузивните здравствени услуги и сите други поволности на едно од најпознатите семејства во светот, постојат неколку совети што можеме да ги прифатиме за да го добиеме истиот резултат со помал буџет.

Гери мисли дека Кејт следи диета со ниски јаглехидрати и многу протеини како кето или дукан.

Јадењето многу висококвалитетни протеини ќе ве одржува сити подолго време и ќе ги спречи луѓето да посегнуваат по слатки закуски во текот на денот.

 

Kejt Midlton

 

– Избегнувањето на висококалорични јаглехидрати богати со шеќер ќе помогне при желбата за храна и ќе го намали дневниот внес на калории – објаснува Гери.

Експертот препорача и калориски дефицит, што значи „да користите повеќе калории отколку што консумирате на дневна основа“.

– Вашето тело ќе биде принудено да користи резерви на маснотии за да ја надомести разликата. Ова ќе ви даде слаб и затегнат изглед исто како Кејт, советува тој.

Сепак, диетата не е сè и експертот сугерираше дека принцезата е посветена на вежбање исто како и на здравата храна.

– Исхраната е само половина од приказната, вежбањето е исто толку важно доколку сакате да изгледате како принцеза.

Знаеме точно дека Кејт е спортски тип. Се вели дека практикува кардио тренинг и тренинзи со отпор за да согорува калории и да изгради мускули.

– Редовните вежби со тегови во теретана, часовите како BodiPump и CrossFit се одлични за мускулите во комбинација со трчање, возење велосипед или пливање за согорување на тие дополнителни калории – заклучува фитнес експертот.