Лонгорија мами воздишки во секој фустан на Викторија Бекам, но овој привлече големо внимание.
Ева Лонгорија носеше фустан дизајниран од нејзината најдобра пријателка Викторија Бекам за време на посетата на детскиот дом во Марбела, „Куќата на ангелите“.
Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ се занимава со хуманитарна работа и е долгогодишен член на фондацијата „Глобал Гифт“ која се грижи за децата и жените ширум светот. Таа ја користи секоја добра прилика да донесе дел од прекрасните модели на нејзиниот омилен дизајнер и голем пријател, познатата Spice Girl.
Во оваа прилика, Ева шармантно прошета во жолто-лимон долг фустан со суптилни врвки, но многу предизвикувачки поради длабокиот отворен грб.
Ева очигледно и верува на својата пријателка Викторија Бекам кога станува збор за фустаните во кои таа се појавува на вакви настани, бидејќи секој во кој била досега се издвојувала за неа и целосно го истакнала само најдоброто на фигурата на оваа занесна бринета.