Трикови кои заштедуваат пари и прават вашето лице да изгледа беспрекорно дури и кога сончевите денови се минато.

Последните налети на летото на Мајклмас не потсетуваат дека новата сезона е време и за промена на шминката што ја користевме во топлите и сончеви денови.

Професионалниот шминкер Аполо Бараган потсетува дека добриот изглед започнува со нега на кожата.

1. Хидратантниот крем и пудра се добитна комбинација

– Додајте малку хидратантна крема во пудрата за да ја одржите влажноста и да обезбедите постојана хидратација на кожата на лицето, особено ако кожата на вашето лице е сува и склона кон пукање или лупење – вели Бараган.

Ова, се разбира, не значи дека кремите кои вообичаено ги користите за нега на кожата треба да ги исклучите од секојдневната рутина – напротив. Редовната нега е предуслов за декоративната шминка да изгледа убаво.

2. Внимавајте со бронзерот

Можете исто така да користите бронзер на одредени области на лицето за да го нагласите тонот на вашата кожа. Единственото нешто што не треба да се прави е да се комбинира бронзерот со пудра и да се нанесе на целото лице, предупредуваат шминкерите.

– Нанесете бронзер на стратешки точки на лицето, каде кожата изгледа природно исончана. Ако го измешате со пудра и го нанесете по целото лице, нема да изгледа добро – категорична е шминкерката Џена Менард Бирдо.

Rumenilo, bronzer

Таа советува да додадете мала количина бронзер во вашата подлога и да ја нанесете оваа комбинација на местата на лицето каде што вашиот тен е поблед додека природно не се изедначи.

3. Правилен избор на боја на кармин

Доколку сакате да користите потемно руменило или кармин, остатокот од подлогата треба да ја надополни таа промена.

– Најдете ја вистинската нијанса што одговара на тонот на вашата кожа. Ако вашата кожа има розови тонови, изберете длабоки сливи или бобинки нијанси. Ако, пак, тенот ви е жолтеникав, изберете потемн кармин со кафени или портокалови нијанси. Неутралните тонови на кожата одлично се комбинираат со двете споменати опции за кармин – открива Бараган.