Откако ја надмина конкуренцијата во трката за платени претплатници, Дизни во САД наскоро планира да лансира нова претплата која ќе има реклами.

Дизни на почетокот на јули објави дека има 221,1 милиони претплатници, што статистички го става пред Нетфликс, кој продолжува да губи претплатници. Од друга страна, Дизни предупредува дека губењето на правата за емитување крикет во Индија може да го намали предвидениот број на претплатници.

Компанијата, која исто така поседува платформа за стриминг Hulu и спортски ориентиран ESPN+, вели дека побарувачката за услугата Дизни Плус не се намалува.

Дизни, исто така, ќе лансира нова претплата поддржана од реклами подоцна оваа година, која ќе се продава за 7,99 долари месечно. За споредба, Disney Plus без реклами чини 10,99 долари месечно во САД.

Што се однесува до остатокот од светот, компанијата објави дека новиот план за претплата ќе стане достапен следната година.