Веганството е голема промена на животниот стил што не е за секого.

Денеска е Светски ден на веганите, односно луѓето кои не консумираат производи од животинско потекло. Пред 28 години, поточно во 1994 година, на денешен ден за прв пат се одбележа денот на веганите.

За веганите од исхраната се исклучени сите производи од животинско потекло, па дури и козметичките производи кои се тестирани на животни или имаат животинско потекло.

Додека некои веруваат дека оваа диета не носи придобивки, оние кои го следат овој начин на исхрана тврдат дека имаат повеќе енергија, дека подобро спијат и дека веганството позитивно влијае на нивното ментално здравје.

Некои поради љубовта кон животните решиле да се вегани, а има и такви кои не сакаат месо или претпочитаат исхрана без месо од здравствени причини.

Многу познати личности станаа вегани и јавно зборуваат за тоа, а ние направивме листа од четири од нив за вас.

1. Бред Пит
Познатиот актер со години е веган и пред јавноста да дознае за тоа. Тој е голем активист за заштита на животните и критикува секаков облик на насилство врз животните. Често изјавуваше колку му пречи кога членовите на неговото семејство имаат месо во чиниите.

– Насилството е прифатен дел од гангстерскиот свет. Потешко ќе ми биде да глумам расист отколку некој што пука во лице на друг. Дали некогаш сте виделе крава да се колат за хамбургер? Тоа е неверојатно брутално и насилно. Живееме во многу насилен свет – рекол актерот, а пренесува „Перезхилтон“.

, StoryLand

Mandatory Credit: Photo by Shutterstock (10517026no)
Brad Pitt
77th Annual Golden Globe Awards, Arrivals, Los Angeles, USA – 05 Jan 2020

2. Аријана Гранде
Оваа популарна пејачка вели дека пораснала на сирење и месо, но дека пред речиси 10 години и кажала „збогум“ на храната од животинско потекло. Аријана е позната по љубовта кон животните, што докажува и фактот што посвоила повеќе од десет кучиња.

, StoryLand

3. Венус Вилијамс
Тенисерката од здравствени причини стана веганка, кога и беше дијагностициран Сјогренов синдром, автоимуно нарушување кое предизвикува замор и болки во зглобовите. Нејзината желба е да ги мотивира луѓето да живеат поздраво, а тоа, како што вели, покрај правилната исхрана подразбира и многу движење.

, StoryLand

4. Лиам Хемсворт
Лиам Хемсворт е горд веган. Не јаде месо, млечни производи и јајца. Лијам е веган од 2015 година, но долго пред тоа избегнуваше производи од животинско потекло. Во 2016 година, организацијата за заштита на животните „ПЕТА“ го прогласи за „најсекси вегетаријанска славна личност“.

Во февруари 2019 година, Лијам се соочи со здравствени проблеми, кои го принудија да ја преиспита својата исхрана. Имено, тој имал камен во бубрегот и морал да оди на операција. Тој објасни дека иако мислел дека неговата исхрана е здрава, сфатил дека јаде премногу оксалати. Високи количини на оксалати може да се најдат во популарната веганска храна, како што се грашок, спанаќ и цвекло.

, StoryLand

Actor Liam Hemsworth poses at a reception for the re-opening of the Tiffany & Co. store in Beverly Hills, California U.S., October 13, 2016. REUTERS/Mario Anzuoni – S1BEUGWHOKAA