Во текот на викендот во Лос Анџелес се одржа LACMA Art + Film Gala настанот кој собра многу познати дами.
Стајлинзите беа одбележани со елеганција, гламур и предизвик, а двете дами кои привлекоа најголемо внимание кон себе се двете познати манекенки Кендал Џенер и Алесандра Амбросио.
Бразилската манекенка Алесандра Амброзио (41) се одлучи за необичен црн костум од модната куќа „Жан Пол Готје“ кој имаше одлични футуристички детали.
За драматичниот изглед придонесоа металик чизмите, сребрениот ремен и накитот, а отсеченото деколте кое допираше до половината додаде шмек на сексипилност.
Од друга страна, една од најпопуларните манекенки на денешницата, Кендал Џенер, облече проѕирен црн и сребрен фустан кој привлече многу погледи поради својата провокативност.