Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам е фотографиран во моменти на уживање со својата сакана, ќерката Харпер Севен, со која минува неколку дена во Венеција.
Таткото и ќерката беа одлично расположени додека уживаа во традиционалното возење со гондола и разгледување на знаменитостите, а потоа дружењето го продолжија во шарениот ресторан каде заедно ручаа.
Инаку, Бекам од денот кога се родила Харпер изјавил дека е еден од оние татковци кои на секој начин сакале да им угодат на своите принцези и дека нема нешто што може да ја одбие.
Во прекрасниот венецијански амбиент Харпер блесна во нежно виолетово фустанче, а за сончев ден избра темни очила и совршена летна фризура – косата ја собра во две долги плетенки.