Новооткриениот цртеж на Микеланџело може да достигне цена од речиси 40 милиони долари на аукција. Се смета дека цртежот датира од крајот на 15 век. Последен пат бил продаден на приватен колекционер во 1907 година. Тогаш, се верувало дека доаѓа  „од училиштето на Микеланџело“. Тоа би можело да се каже дека не е вистинско дело на уметникот. Но, во 2019 година, специјалист за уметност откри дека овој цртеж не е копија на стилот на Микеланџело туку станува збор за  оригинален цртеж од вештите раце на Микеланџело.