Младите уметници Дејвид Стоилковски и Младен Трендевски нацртаа графити на задниот дел од Центарот за култура во Куманово.

Центарот за култура упати апел до сите сограѓани да се сочуваат и да продолжат да ги красат ѕидовите на Културниот Дом.

Имено веќе подолг временски период “Трајко Прокопиев” дава голема поддршка на локалните уметници, со организирање на изложби, поетски читања како и нивно учество во други проекти.

Целта е младите да се вратат и да творат во својот град. Се со цел зголемување на интересот за културата и оставање печат на генерациите што идат.