Извор близок до актерот потврди дека холивудскиот актер има нова љубов, но се уште не е подготвен да ја покаже во јавноста.
Поминаа шест години откако Анџелина Џоли и Бред Пит раскинаа и тие се уште се сингл, барем за јавноста. По сопствената турбулентна врска со шест деца и горчливиот развод кој заврши пред три години, тие очигледно се многу повнимателни при изборот на нови партнери. И додека најдоброто друштво на Анџелина се нејзините деца, Бред Пит се обиде да продолжи понатаму. Јавноста пред две години го поврза со 29-годишната полска манекенка Никол Потуралски, но таа врска кратко траеше.
Неименуван извор близок до актерот за американскиот магазин People потврдил дека актерот има девојка, но дека врската се уште не е во сериозна фаза. Самиот Бред Пит, кој моментално го промовира својот нов филм Bullet Train, акциона комедија во режија на Дејвид Лајч, најверојатно нема да ги коментира овие информации. На промотивната турнеја ја покажа и својата разиграна, весела страна, па на промоцијата на филмот во Берлин пристигна во здолниште, а во Париз во портокалово одело. Се чини дека актерот станал посреќен и позадоволен по безмилосната пресметка со поранешната сопруга со која тужел и за заедничкиот величенствен имот и винаријата Миравал во Франција. Неодамна за американскиот магазин GQ откри како престанал да пуши, дека се ослободил и од алкохолот и дека денес живее подобар и поисполнет живот. Зборуваше и за тоа како има проблем да запомни нови лица, но и за депресијата.
„Отсекогаш сум се чувствувал сам. Кога бев мал, кога пораснав, а дури неодамна почувствував поголема поддршка од моите пријатели и семејството. Поминав години со блага депресија и дури кога се помирив со неа, обидувајќи се да ја прегрнам сите страни од мене, убаво и не толку убаво, успеав да доловам моменти на задоволство. Мислам дека сите сме малку депресивни“.
Но, рече и дека е на возраст за која мисли дека не носи ништо добро. Се надеваме дека новата љубов ќе му помогне да се премисли.