Постојано воодушевува со својот стил. Кога станува збор за стилот на манекенката Бела Хадид, едно е сигурно – одредени комбинации само таа може да извлече. Таа е позната по изборот на аутфити од 90-тите, па дури и на големо ги врати трендовите од тие години.

Таа неодамна докажа дека нејзиниот стил не е секојдневен, туку дека сè што носи и стои совршено.

Имено, Бела е фотографирана на улиците на Њујорк во ниски панталони во неонски жолти и дуксер во иста боја.

На панталоните стави кафеав појас, а преку дуксер носеше таканаречена бомбер јакна и навистина изгледаше како да е дојдена од минатото, поточно 90-тите.

На нејзините нозе беа црни кожени чевли-патики кои го поделија мислењето на модните експерти и обожавателите. Додека едни велат дека чевлите не и одговараат на нејзините години, други велат дека од Бела се очекуваат вакви обувки и таа ги носи совршено.

Целиот стајлинг моделот го заокружи со футуристички наочари, кои исто така беа популарни пред повеќе од 30 години.

Bela Hadid