Папараците будно го следат секој чекор на Викторија и Дејвид Бекам кои деновиве престојуваат во Њујорк. Овие двајца секогаш се сметаат за пар што треба да се следи кога се во прашање комбинациите на аутфит.
Дејвид и Викторија вчера биле видени како излегуваат од хотелот во кој престојувале, држејќи се за рака на пат кон ресторанот. За излегувањето тие уште еднаш ги координираа своите елегантни стајлинзи.
Викторија носеше долг зелен свилен фустан со жолт детаљ од вез и длабоко деколте. Над фустанот носеше црн макси блејзер, додека нејзиниот избор на обувки падна на ПВЦ потпетици со црн врв. Целиот стајлинг го заокружија црна чанта и очила.

Сепак, она што навистина ве остава без зборови е фактот дека Викторија сменила дури три беспрекорни комбинации за само еден ден. Имено, таа беше фотографирана облечена во свилен долг свечен фустан со чизми украсени со кристали, а потоа се појави уште два пати.
Кога станува збор за втората комбинација, Викторија облекла смарагдно зелен свилен фустан и носела чанта во иста боја, но во малку потемна нијанса. И не, не завршува тука, за третото појавување Викторија носеше тесен зелен фустан до колена. Фустанот има многу едноставен крој, но она што го прави посебен е тоа што едното рамо е откриено, а другата рака е целосно покриена.