Австралиската актерка Никол Кидман се појави на „27th Annual Art Directors Guild Awards“ што се одржа во Лос Анџелес.
Познатата актерка Никол Кидман (55) уште еднаш го покажа својот елегантен и софистициран стил на црвениот тепих.
Актерката за оваа прилика се одлучи за непогрешлива црна комбинација – фустан со едно прерамче и шлиц околу нозете, кој ја откри нејзината совршена фигура, која актерката вредно ја одржува со вежбање.
Ѕвездената актерка го комплетираше својот изглед со впечатлив ѓердан во форма на срце од модната куќа Скиапарели.
Целата комбинација ја комплетираше со класични црни потпетици со синџири, а црвениот кармин ја истакна нејзината елеганција и сензуалност.
Актерката на 55-годишна возраст навистина изгледа беспрекорно, а честопати истакнувала дека вежбањето и урамнотежената исхрана се резултат на нејзиниот одличен изглед.