Науката, како и сите други професии, биле суштински забранети за жените со векови. Оние неколку жени кои ги прекршија бариерите на конвенцијата беа лишени од голем дел од признанието што го заслужуваа во нивниот живот и често беа нарекувани помошници на мажите, како на пример, Ада Лавлејс (1815 – 1852), ќерката на поетот Бајрон, беше брилијантна математичарка кој работеше со Чарлс Бебиџ – кој се сметаше за татко на компјутерите. Сепак, Ада објави работа во која опишува како може да се создадат кодови за „Аналитичкиот мотор“ на Бебиџ користејќи букви и бројки кои ја надминаа неговата работа. Таа беше првата личност која предложи како на таков мотор може да му се дадат низа инструкции што треба да се следат – во суштина таа создаде компјутерско програмирање со тоа.
Во времето на објавувањето во 19 век, нејзината работа беше игнорирана, а нејзиниот револуционерен придонес беше откриен дури во 1950-тите“.
Ада Ловлејс за компјутерското пограмирање вели:
Оваа наука го сочинува јазикот преку кој единствено можеме адекватно да ги изразиме големите факти на природниот свет и оние непрестајни промени на меѓусебните односи кои, видливо или невидливо, свесно или несвесно за нашите непосредни физички перцепции, бескрајно се случуваат во агенциите на креацијата во која живееме.
Таа продолжува:
Нов, огромен и моќен јазик е развиен за идната употреба на анализата, во кој ќе ги користиме неговите вистини за тие да станат побрза и попрецизна практична примена за целите на човештвото отколку средствата што досега ги поседувавме. Така не само менталното и материјалното, туку и теоретското и практичното во математичкиот свет, се доведуваат во поинтимна и поефективна врска меѓу себе.