Не мора да бидете приврзаник на модата за да забележите дека Бела Хадид стана икона со која треба да се обележи секоја модна писта. 20-годишната сестра на Џиџи Хадид целосно излезе од сенката на својата сестра, на модни ревии со висок профил, насловни страници на списанија и повеќекратни кампањи за принт таа блесна ко најсилна ѕвезда.
Но, одредена склоност кон публицитет не значи дека таа е отворена книга: Еве пет работи што веројатно не сте ги знаеле за Бела Хадид.
1. Хадид почнала да јава коњи и се разви во успешен коњаник. „Знаете како е кај секој модел кога се работи за прашањата кои се поврзани со вашето тело и мир: „Вежбаш јога, медитираш?“ Всушност не туку, сметам дека коњите го имаат истиот ефект“, вели таа во неколку свои интервјуа. Во 2015 година, Хадид откри дека дури тренирала за Олимпијадата во 2016 година. Нејзината мајка, поранешната ѕвезда на “домаќинките” од Беверли Хилс, Јоланда Фостер, објасни во блог пост од јануари 2016 година дека амбициите за коњи на нејзината ќерка биле спречени затоа што таа се заразила со Лајмска болест. „Таа е издржлива и фокусирана на нова насока“, напиша Фостер. „Таа се прослави во модната индустријата додека секојдневно се бори со симптомите на хроничен Лајм“.

Бела Хадид со својот коњ
2. Пред да ги заследи стапките на својата сестра на модната писта, Хадид се преселила во Њујорк за да се занимава со фотографија. Иако таа, наводно, била заинтересирана за оваа тема уште од детството, и требало време да се прилагоди на тоа да биде пред камерата. „Немаше навистина ниту еден момент во мојот живот кога бев одлучна и реков: „Сакам да бидам модел!“ Тоа одсекогаш беше повеќе работа на Џиџи“, изјави Хадид за Teen Vogue во 2014 година. “Фотографијата од секогаш била моја суштинска пасија, имајќи искуство со фото апаратот и како да бидам зад него знаев како да се движам и како да изгледам добро пред фотограф и пред фото апарат, тоа мое хоби ме научи за осветлувањето и аглите”

Бела Хадид, приватна фотографија
3. Хадид ја обои својата природно руса коса во кафена боја за да се разликува од нејзината постара сестра. „Едноставно имам помрачна личност. А всушност- јас бринета и Џиџи русокоса е добра разлика“, вели таа. „Ставам некогаш руса перика и мислам дека би било забавно да се вратам назад, но задоволна сум со мојата коса сега. Русокосите се толку нежни и изгледаат како ангели. Мојата сестра може да се извлече од се и со се со една блага насмевка“.
4. Манекенката најчесто ја споредуваат со друго познато лице: Џенифер Лоренс. („Повеќе пати на ден сум Џенифер Лоренс“, вели Хадид.) На крајот се сретнаа конечно лице в лице на Мет Гала во 2015 година. „Не знам ни дали таа го знае тоа дека цело време ме поистоветуваат со неа. Се колнам дека остваривме контакт со очите“, рече Хадид. „Се поздравивме дури додека влегувавме, и си мислев: „Ова е толку чудно.“

Бела Хадид и Џенифер Лоренс
5. Хадид не го смета нејзиното јавно разделување од The Weekеnd за нејзино прво големо раскинување. Додека се борела со Лајмската болест, 16-годишната Хадид донела тешка одлука да се раздели од својата прва вистинска љубов: коњот Лего. „Јас ротирав помеѓу неколку коњи кои можеа да скокаат повисоко или што и да е. Но, Лего ми беше главното, моето возење или умирање“, откри Хадид во интервју овој февруари. „Кога морав да го продадам, тоа беше како раскинување! Бев навистина истрауматизирана“. Хадид продолжи: „Можете да прашате кој било коњаник: Развивате луда, емоционална врска со ова животно. Кога јавате коњ, тие имаат целосна контрола над вас и буквално можат да ве убијат во секунда, па вие градите доверба со нив“. После тој тип на траума, разделбата подготвена за таблоиди и медиуми не е ништо.